bg

MaxBet BetPlus

MaxBet ги наградува своите најверни играчи како и сите оние кои сакаат да ја почуствуваат победничката атмосфера во нашите уплатни места.

Сѐ што треба да направите е да имате MaxBet Loyalty картичка или да се регистрирате во текот на промоцијата и да уплатите тикет во текот на промоцијата.

 

Пратете не на социјалните мрежи за да дознаете кога сме во вашето омилено уплатно место.


Правила и услови на наградната игра

  1. Право на учество имаат полнолетните граѓани на Р.С Македонија кои поседуваат Лојалти картичка или ќе се регистрираат за картичка во текот на промоцијата.
  1. Учесниците ќе треба да извршат уплата на тикет со следниве вредности за да добијат ваучер по следниов принцип:
  • Со минимална уплата од 20 денари и повеќе на тикет, учесникот добива ваучер за уплата со вредност од 50 денари
  • Со уплата на тикет од 50 денари, учесникот добива ваучер со вредност од 100 денари
  • Со уплата на тикет од 100 денари, учесникот добива ваучер со вредност од 200 денари
  • Со уплата на тикет од 200 денари или повеќе, учесникот добива ваучер со вредност од 300 денари
  • Со уплата од 10.000 до 30.000 денари, учесникот добива ваучери во вредност од 1.500 денари
  • Со уплата над 30.000 денари, учесникот добива ваучери во вредност од 3.000 денари
  1. Покрај другите општи услови од овие правила, тикетите кои учествуваат во наградната игра мораат да ги исполнуваат кумулативно и следниве услови:
  • Сите настани на тикетот кои се предмет на обложувањето мора да бидат спортски настани (резултати на поединечни или групни спортски настани, одредени настани во тек на наградната игра и др.);
  • Минимален број на настани на тикетот е 4, при пто секој од тие 4 настани треба да имаат минимална квота 1.25 по настан;
  • Тикетот мора да биде уплатен во периодот во периодот на траење на наградната игра;
  • Условот не го исполнуваат “системски” тикети;
  • Условите не ги исполнуваат тикетите уплатени во живо (Live)
  1. За добитник на ваучер се смета оној учесник кој што ќе приложи уплатен тикет, во вредност наведена погоре во правилата на лицето одредено од Организаторот, кое ќе провери дали тој тикет ги исполнува условите во овие правила. Доколку ги исполнува овие услови, одговорното лице му доделува ваучер со вредност, соодветна според правилата.
  1. Едно лице може да добие само еден ваучер.
  1. Бидејќи бројот на ваучери за секое уплатно место е дефиниран и во ограничен број, наградната игра ќе трае во одреден период од денот одреден од Организаторот и додека траат залихите за тоа уплатно место.
  1. Наградната игра ќе се приредува на целата територија на Република Северна Македонија
  1. Во текот на наградната сите вредносни ваучери се со сопствен сериски број и не можат да бидат искористени во друго уплатно место, односно мора да бидат искористени во истото уплатно место каде што е доделен и во истиот ден на доделувањето.
  1. Добитниците на наградите од наградната игра не може да ја менуваат наградата за пари, ниту за било која друга награда.
  1. Учеството во Наградната игра на вработените кај Организаторот, како и членовите на нивните потесни семејства, е забрането.
  1. При превземање на ваучерите добитниците се должни да ги дадат своите лични податоци на преставникот на Организаторот и да дадат на увид важечка лична карта или патна исправа.
  1. Добитниците од наградната игра му даваат согласност и право на Организаторот или агенцијата која Организаторот ја ангажирал, со цел промовирање на наградна игра, да може да ги користи личните податоци на добитниците: име и презиме, слика, како и аудио и видео материјал без право на надокнада и без временско и територијално ограничување во број на користења.
back